Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за март

Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Зголемен водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,51 м.н.в што е за 2 сантиметри над просекот за март (693,49 м.н.в) и за 41 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 9,5 степени, за речиси два степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 11 сантиметри, а само последнава недела се бележи раст од 4 сантиметри.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– Денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југозападен правец. Утре во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука