Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува уредувањето на просторот каде требаше да се гради хотел кај „Горица“

Охрид, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува уредувањето на просторот на ридот кај „Горица“ каде своевремено беше најавена изградба на хотел од познат бренд.

Почетокот на изградбата беше повеќе пати одложуван. Скоро десет години остана само ветување хотелот кој требаше да се гради на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје. На парцела од околу 7.000 метри квадратни, веднаш до хотелот „Инекс Горица“ најавена беше градба на нов луксузен хотел од страна на домашната компанија „Дивелоп груп“.

Неофицијално, објектот треба да располага со 50 соби и 120 легла. Планирано беше вложување на околу 12 милиони евра, а првичните информации тогаш зборуваа дека хотелот ќе биде дел од меѓународниот ланец на хотели „Small Luxury Hotels“, кој е присутен во преку 70 земји од светот со над 500 хотели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука