Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охрид доминира во полицискиот Билтен: Агресивно однесување во семејството, физички напади, напад врз фудбалски судија и полициски службеник…

Охрид, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени изминатите 24 часа на територијата на СВР Охрид доминираат во полицискиот Билтен, регистрирани се агресивно однесување во семејството, физички напади, напад врз фудбалски судија и полициски службеник…

На 30-ти март 2024 година, во 11:00 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 29-годишен охриѓанец, кој претходно бил агресивен кон членови на неговото семејство. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31-ви март 2024 година, во 01:20 часот во СВР Охрид е приведен 41-годишен охриѓанец, кој претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, физички нападнал 26-годишно лице, а потоа, заедно со уште едно лице, физички нападнале 31-годишен охриѓанец. По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30-ти март 2024 година, во 14:40 часот, во куќа лоцирана во охридското село Долно Лакочереј, сопственост на лице од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 30-ти март 2024 година, во 21:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

На 31-ви март 2024 година, во 05:50 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 23-годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца. Тој претходно, бил агресивен и ги омаловажувал полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука