Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пронајдена Енкеледа Чела, девојката што вчера беше пријавена за исчезната

Скопје, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во 18:05 часот, во близина на хотел „Белви“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа 20-годишната Енкеледа Чела од Република Албанија, за која од страна на нејзина другарка вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот.

– Е.Ч. е во добра здравствена состојба, информираат од МВР.

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо. Таа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. Средното економско училиште го заврши во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука