Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Зошто не треба да се јаде доцна навечер

Охрид, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во раните вечерни часови, околи 19:00 и 20:00 часот, човечкото тело има највисока телесна температура.

Овој ударен термин на ескалација на телесната температура, треба да се избегнува како термин за вечера, советуват американските медицинари и научници. Тие ги советуваат луѓето да се вратат на старата традиција, која ја имале сите светски народи се’ до почетокот на 20-от век, што и да се прави, вечерата да биде во 18:00 часот. Со модерните текови, луѓето почнале да ја напуштат оваа традиција и да вечераат и подоцна, но тоа е погрешно.

Колку подоцна се вечера, толку повеќе тежина за организмот. Биолошкиот часовник кај секој организам, отприлика отчукува исто. Во подоцните вечерни часови, околу 22:00 и 23:00 часот, се намалува цревната перисталтика. Затоа не залудно се вели дека во вечерните часови не треба да се внесуваат големи количини на тешка и несварлива храна.

Наутро од 08:00 до 08:30 часот, се јавува цревната перисталтика. Ова е идеален термин за првиот пообилен појадок, кој може да се одложи најмногу до 09:00 часот, но не и подоцна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука