Забава Избор

SUPER Fresh music: Bon Jovi – Legendary

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група Bon Jovi го претставува еуфоричниот сингл „Legendary“ со кој групата се врти кон среќата и задоволството прославувајќи 40 години блескава кариера.

Песната е носечки сингл од нивниот шеснаесетти студиски албум насловен „Forever“, кој носи 12 нови песни.

– Нашиот нов албум претставува враќање на среќата. Од целиот процес на пишување песни до снимање, ова е музика на Bon Jovi која вели: зголемете ја јачината на звукот и чувствувајте се добро, рече фронтменот John Bon Jovi, кој беше прогласен за личност на годината на неодамнешните 66-ти Grammy награди.

Уште од формирањето на бендот во 1983 година, Bon Jovi е група која создава историја на рок музиката и е еден од ретките бендови кои се примени во Куќата на славните на рокенролот и Куќата на славните на текстописците.

Покрај објавувањето на новиот албум, Bon Jovi слави 40 години кариера и со документарната серија „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“ во четири дела во режија на Gotham Chopra.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука