Забава Избор

Фестивалот „Охрид фест“ го распиша конкурсот за нови композиции за годинешното издание

Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат го распиша конкурсот за нови композиции што ќе бидат изведени на годинешното фестивалски издание.

Условите композицијата да има назнака за која фестивалска вечер е наменета, демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик, композицијата да има наслов, да не е изведувана, сето проследено со податоци на авторите и контакт информации.

Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е до 1 јуни 2024 година.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следната електронска адреса: ohridfestofficial@gmail.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука