Забава Избор

Boris Blank од Yello го издаде третиот студиски албум „Resonance“

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Музичкиот визионер кој четири децении ја обликува електронската музика како жанр, Boris Blank го претстави својот трет студиски албум наречен „Resonance“.

Реномираниот уметник, кој својата кариера ја започна како член на легендарниот бенд Yello, во овој проект кој носи 12 песни, се занимава со правилата на гравитацијата, времето, атмосферските услови и другите природни феномени, како и фактот дека сите овие појави се илустрирани пред се’ со звук и истражување.

Експериментирањето со тоа што звукот може да направи, на неговиот нов материјал му дава посебен шарм.

– Често можам да се изгубам во магијата на природата, особено облаците – тие се најубавото нешто и можам да поминам часови гледајќи во небото, изјави Boris.

Музичарот го издаде своето претходно големо издание во 2020 година како дел од бендот Yello – албумот „Point“ кој ги освои швајцарските и германските топ листи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука