ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Сообраќајна (не)култура, скутери оставени на сред тротоар (Фото)

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ниското ниво на култура на однесување и грижа за добрата и животната средина, како и за сообраќајната (не)култура се теми на кои за кои сме пишуваме повеќе пати.

До редакцијата на OhridPress речиси секојдневно пристигнуваат фотографии од читатели со непрописно паркирани возила, автомобили поткачени на тротоар, оставени на велосипедска патека, преминување улица на небезбедни места, прескокнување граничници на кружните текови…

Во последно време, со затоплувањето на времето, зачестија фотографиите од скутери и мотори оставени на тротоар.

– На одредени места низ градот тротоарите се тесни, едвај има простор за разминување на пешаци, а се користат како паркинг простор за скутерите, некои ги оставаат и на средина на тротоарот. Сега е проблем движењето, а што ќе биде во периодот што претстои, кога ќе има повеќе луѓе низ градот. Проблем е и тоа што некои лица возат велосипеди по чаршијата, тоа порано не беше дозволено, реагираат граѓаните.

Апелираат на поголема одговорност и совесност на нивните сограѓани при паркирањето на превозните средства, а и да се изнајде решение каде овие лица да може слободно да ги оставаат скутерите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука