Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Колку сон ни’ е потребно за да се чувствуваме добро?

Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општото правило дека треба да се спие од 6 до 8 часа, не важи секогаш, затоа што некои луѓе се поспани и по 7 или 8 часа спиење, додека некои имаат здрава навика за спиење и добро се чувствуваат и по само 5 часа поминати во здрав сон.

Основни совети се спиењето е да се спие со изгаснати светла и спуштени завеси. Целосната темнина е важна. Неколку часа пред спиење не треба да се јаде и да се прават физички вежби. Истото се однесува и за алкохолот.

Просечната доза спиење, може да варира според возраста и здравјето.

Новородените деца имаат потреба од 14-15 часа спиење, а малите деца имаат потреба од 12-14 часа спиење. Кога децата ќе почнат да одат на училиште, дозата паѓа до 9-10 часа. Тинејџерите се чувствуваат добро при 8-9 часа спиење. Возрасните имаат потреба од 6-8 часа. Бремените жени може да се одмораат повеќе пати во текот на денот, со кратки дремки, но и кај нив спиењето не треба да е претерано.

Најважно е да се слуша сопственото тело. Не треба да се раководиме по зацртани и строги правила. Некогаш на телото му е потребно повеќе сон, некогаш помалку. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука