Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Албански државјанин затекнат во незаконит риболов на македонска страна од езерото

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На први април 2024 година, во 06:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ лишиле од слобода 26-годишен албански државјанин, кој претходно во водите на Охридското Езеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов.

– За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31-ви март 2025 година, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука