Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Свети Јаков, епископ и Исповедник

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Денот посветен на Свети Јаков, епископ и Исповедник.

Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполни Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпе големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање.

Најпосле Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому верно Му послужи во овој живот. Живееше и пострада во 7 век.

Тропар

Пример за подвижништво меѓу епископите, молитвенику кој Бога непрестајно Го призиваше, исповеднику на вистинската вера во Господа, Јакове свети исповедниче, маките и страдањата твојата душа ја прекалија, и до небесните дворови ја донесоа, моли се, свет пастиру, со Бога помирени да бидеме по твоите свети молитви. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука