Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во црквата „Св. Софија“ утрово ќе се служи литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“

Охрид, 7. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, утрово со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“.

– На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение на претставници од Вселенската Патријаршија, Атинската Архиепископија и други архиереи од МПЦ-ОА (едноцрквие), информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Ги повикуваат сите верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука