Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во раните утрински часови повторно е настанат дефект, односно пукната е истата цевка со профил ф300 мм на улицата „Кленоец“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Поради тоа и денес од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци.

Екипи на „Водовод“ се на терен, до завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука