Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските кошаркари во борба за опстанок во елитата

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес почнува плеј-аут фазата во Првата кошаркарска лига.

Охридските кошаркари на домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Академија ФМП од Скопје.

– Нашите кошаркари ќе се борат за опстанок во елитата, затоа ве повикуваме во што е можно поголем број да бидете нашиот шести играч на овој меч. Сите заедно за ОХРИД, велат од клубот.

Натпреварот се игра во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука