Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ифтарска вечера во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година, Светиот месец Рамазан нека биде потсетник да градиме слога, разбирање и пријателство, порачаа на нивниот профил на Facebook од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Тие организираа Ифтарска вечера во духот на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и потврдените определби за соживот, мирољубие и човекољубие.

– Нека ни донесе добро здравје, душевен мир, спокој, среќа и семејна хармонија. Уште еднаш, да споделиме единство, слога и почит. Заедно, како едно, вечерва организиравме Ифтарска вечера за заеднички да го прославиме единството и заедничките вредности, порача првиот човек на болницата, новиот директор, д-р Јордан Смически.

Заедно со докторскиот тим од болницата, тој на верниците им посака лесен пост, во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Facebook ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Еразмо“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука