Забава Избор

SUPER Fresh music: FLO – Walk Like This

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британското R&B женско трио FLO го претстави новиот сингл „Walk Like This“ – предизвикувачка химна за женската сензуалност и слобода.

– Песната ја направивме кон крајот на минатата година, кога сакавме да снимиме нешто сензуално, забавно и со побрз ритам. Ја доловува енергијата што жената ја добива кога ја прифаќа нејзината сексуалност и женственост и кога мажот се однесува правилно кон неа, изјавија девојките за новото издание.

Уште од нивниот деби-сингл „Cardboard Box“ во 2022 година, Renée, Jorja и Stella ја воодушевуваат публиката со својата самодоверба и ослободување на женска енергија, а од почетокот на нивните кариери до денес собрале дури 463 милиони слушања на музичките платформи.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука