ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Искршени реквизити во детското игралиште на улица „Јане Сандански“ (Фото)

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Искршени клупи, канделабри, уништена урбана опрема, никнати диви депонии… Ова се само дел од разултатите од демострирањето на „културата“ на однесување на дело и грижа за добрата.

Кога нешто недостасува, се критикува зошто го нема, а кога ќе го имаме не знаеме да го чуваме.

Во низата уништени добра се и дел од реквизитите во детското игралиште на улицата „Јане Сандански“, во паркот на пресекот со улица „Даме Груев“.

Читатели на OhridPress кои живеат на овој потег ни испратија фотографии од искршени играчки. Велат дека од нешто што до неодамна било нишалка, останата е само основата, а децата љубители на популарната игра „XO“ тоа не можат да го прават бидејќи е останата само таблата, а ги нема цилиндрите со симболите.

Вакви случаи има и на други локации. Жителите се задоволни што има катче за најмладите, апелираат реквизитите да се санираат, да има поголема заштита и надзор над игралиштето, а сограѓаните да покажат поголемо ниво на култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука