Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Светски ден на Ромите, во Охрид живеат 232 припадници на оваа заедница

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Република Македонија денес се одбележува Светскиот ден на Ромите.

Меѓународниот ден на Ромите, посветен на најголемото етничко малцинство во Европа, ги слави различностите, ромската култура и уметност, нивниот јазик и придонес во европската историја и општество.

Врз основа на Стратешката рамка за Ромите, што Европската комисија ја усвои во октомври 2020 година, изработен е Акциски план на ЕУ за борба против расизмот, кој поставува пристап за социо-економска инклузија на припадниците на ромската заедница, со поттикнување на еднаквост и нивно учество во општествените текови.

Европскиот совет во март 2021 година усвои Препорака со која земјите од ЕУ се обврзаа да спроведат конкретни мерки за намалување со нееднаквоста со која се соочуваат Ромите, по што во заклучоците од Самитот одржан лани во октомври членки ја реафирмираат посветеноста да обезбедат недискриминаторски пристап за припадниците на ромската заедница до соодветни и десегрегирана живеалишта.

За реализација на овие цели предвидени се средства во Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, кои можат да се користат преку структурните фондови, Инструментот за пристапна претпристапна (ИПА), Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка „Глобална Европа“, Инструментот за техничка поддршка, Економскиот и инвестицискиот план за Западнат Балкан, како и преку пакетот за економско закрепнување од Ковид пандемијата „Следна Генерација ЕУ“ и Механизмот за обнова и отпорност. Според правилата на ЕУ, политиките за еднаквост, инклузивност и учество на Ромите првенствено е во надлежност на земјите членки, но институциите на ЕУ играат важна улога во утврдување на насоките на овие политики, координацијата на националните активности, мониторингот во спроведувањето на целите и остварувањето напредок и обезбедувањето поддршка преку европските фондови. Во рамките на своите надлежности Еврокомисијата ја следи имплементацијата законодавството на ЕУ за еднаквост и недискриминација, игра важна улога во промовирањето на еднаквоста на Ромите.

Пред 23 година, Ромите беа впишани во Уставот, по што се бележат континуирани резултати со кои на ромската заедницата им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници.

Ромите во Република Македонија го остваруваат сопствениот потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат носители на остварувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 која е дел од јавните политики на државата за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници.

За жал, денес се’ уште можеме да видиме во светот случаи на протерување, двојни стандарди, расистички напади, дискриминација, нееднакво третирање, стереотипи, двојни аршини и многу други работи кои луѓето ги делат по различни основи.

Според податоците на Државниот завод за статистика од пописот кој беше спроведен во 2021 година. во Охрид живеат 232 Роми од кои 100 мажи и 132 жени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука