Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Попис 2021: Охрид има 51.428 жители, 18.368 домаќинства и 33.660 станови

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид има 51.428 жители, 18.368 домаќинства и 33.660 станови, покажаа податоците на Државниот завод за статистика од пописот кој беше спроведен минатата година.

Според истите податоци, од вкупниот број жители (51.428), 25.231 се мажи, 26.197 се жени. Во Охрид живеат 40.488 Македонци (19.903 мажи и 20.585 жени), 1.942 Албанци (921 мажи и 1.021 жени), 1.831 Турци (890 мажи и 941 жени) и 232 Роми (100 мажи и 132 жени). Во Охрид живеат и 314 Власи, 281 Срби, 23 Бошњаци, 2.008 лица се заведени како други неспомнати, 13 не се изјасниле, а за 7 било непознато.

Во Република Македонија живеат 1.836.713 граѓани, соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите од пописот на населението, домаќинствата и становите, што се спроведе од 5-ти до 30-ти септемви 2021 година.

Во текот на најголемата статистичка операција спроведена во земјава по пауза од две децении, вкупно се попишани 2.097 319 лица, од нив 54,21% се Македонци 29,52% Албанци, 3,98% Турци, 2,34% Роми, 0,44% Власи, 1,18% Срби и 0,87% Бошњаци, рече Симовски.

– Вкупниот број на резидентно население изнесува 1.836 713 лица, а нерезиденти се 260.606 лица. За 132.260 лица податоци се преземени од административни извори. Од резидентите, 58,44% се Македонци, 24,30% како Албанци, 3,86% Турци, 2,53% Роми, 0,47% Власи 1,30% Срби и 0,87% Бошњаци. Државјани на Македонија отсутни во странство повеќе од 12 месеци се 258.932 лица и од нив 24,45% се Македонци, 66,36% се Албанци, 4,79% се изјасниле како Турци, 1,02% како Роми, 0,19% Власи, 0,35% Срби и 0.81% Бошњаци и друго. Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1.674 лица, истакна Симовски.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука