Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Осум златни, 10 сребрени и 8 бронзени медали за ТК „Хваранг Фист“ на Ohrid OPEN 2024

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид, по 4-ти пат се одржа Меѓународниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2024.

На турнирот, во организација на ТК „Хваранг Фист“, а под покровителство на Македонската Теквондо Федерација и Општина Охрид учество зедоа околу 300 натпреварувачи од 17 клубови од Република Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и БиХ.

– Во прекрасна атмосфера во спортската сала при СРЦ „Билјанини извори“, во повеке од 200 борби, посетителите можеа да уживаат во Таеквондо магијата полни 10 часа. Нашиот клуб имаше одлични борби, прекрасни борци и спомени кои ќе бидат со нас засекогаш. Осум златни, 10 сребрени и 8 бронзени медали беа доволни да го освоиме второто место во екипна конкуренција. Двајца наши натпреварувачи – Филип Јосифоски и Миа Спироска беа прогласени за најдобри сениори на турнирот, инфомираат од ТК „Хваранг Фист“ од Охрид.

Додаваат дека на турнирот учествуваа и натпреварувачи од нивниот Таеквондо клуб „Сила“ кои освоија 3 златни, 10 сребрени и 12 бронзени медали.

– Турнирот беше затворен со традиционално македонско оро на кое повеќе од 100 учесници на цел глас пееја и играа за Македонија. Се’ на се’, уште еден успешно завршен проект за промоција на спортот и здравиот живот и градот Охрид, потенцираат од „Хваранг Фист“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТК „Хваранг Фист“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука