Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Годишнина од приемот на Република Македонија во ОН

Скопје, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Република Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името. По долгогодишниот спор, со посредство на ОН беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното име. Со тоа се отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука