Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Повеќе мед, помалку настинки

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Освен хранливата вредност на медот, за која веќе одамна се знае, научниците го препорачуваат и за лекување на настинка, па дури и грип.

Тие потсетуваат дека во старите народни лекови, секогаш бил присутен и медот, но повеќе како мелем, отколку за задоволство и консумирање како храна.

Доколку се консумира често, медот има превентивна улога во зајакнување на имунитетот, но пожелно е да се користи и директно како лек за време на настинка.

Медот е моќен засилувач на имунолошкиот систем. Има антиоксидансни и анти-бактериски својства. За време на настинка, па дури и грип, се препорачува една лажица мед и сок од половина лимон во чаша со топла вода. Со овој природен микс настинката поминува многу побрзо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука