Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските аеро моделари најдобри во категоријата Ф1Б на првиот лига-натпревар годинава во Прилеп

Прилеп/Охрид, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските аеро моделари од АК „Охрид“ беа најдобри и ги освоија првите три места во категоријата Ф1Б на првиот лига-натпревар од календарот за 2024 година, кој викендов се одржа на спортскиот аеродром „Мало Коњари“ крај Прилеп.

Во категоријата Ф1Б – модели со погон на гумен мотор, првото место го освои повратникот, член на АК „Охрид“, Михајло Арсенов, додека второто и третото место ги поделија браќата Цветановски од охридскиот клуб.

Натпреварот е во категоријата слободнолетечки модели, Ф1А – сениори и јуниори, Ф1Б, Ф1Ц и Ф1Х – јуниори. Во име на Воздухопловната федерација на Република Македонија го организираше ВСК „Фил Феникс“ од Прилеп, а учество зедоа  натпреварувачи во сениорска и јуниорска конкуренција од Охрид, Битола, Скопје и домаќинот Прилеп, јави порталот gol.mk.

Натпреварот се одвиваше во пет старта, по спортскот правилник на ФАИ. Во категоријата Ф1А-едрилици, првото место, со максимален број бодови, го освои Небојша Стошиќ од Аеро клуб „Витачево“ од Кавадарци, второто место му припадна на минатогодишниот победник, Пеце Илиевски од АК „Мирко Тодоровски“ од Битола, додека на третото место се пласираше ветеранот Димче Велкоски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп.

Во категоријата, Ф1А, учествуваат и одделно се бодуваат и јуниори. Така, првото место му припадна на Михаил Пожарски, второто на Лука Најдовски, и двата од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп, додека третото место го освои Леона Чејкова од АК „Витачево“ од Кавадарци. (Крај)

извор: gol.mk фото: gol.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука