ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Митрополит Кирил: Тоа што го добивте од Србите е лажен томос и срам за Црквата

Скопје, 12. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако минатиот викенд во црквата „Св. Софија“ во Охрид, за празникот Благовештение на Пресвета Богородица, беше отслужена Литургија по повод Третата недела од Великиот пост, заедно со Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил, во интервју за 360 степени изјави дека тоа што го добивме од Србија е лажен томос и е срам за Црквата.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, во првото интервју дадено за македонски медиум, ја пренесува перспективата на Вселенската патријаршија од каде што МПЦ-ОА очекува томос за автокефалност и прифаќање од севкупната православна екумена.

– И тука Русите, растревожени да не ја изгубат и оваа земја – затоа што, за жал, тоа е целта, наметнувањето на Русија на оваа земја – ги натераа Србите, брзо-брзо, брзо-брзо, да го дадат тој псевдотомос, вели г. Кирил во интервјуто за 360 степени.

Изјавата е објавена помалку од една недела од заедничкото служење на големиот празник Благовештение на Пресвета Богородица, кога домаќинот, Митрополит Тимотеј му порача на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј дека не само црковниот клир и монаштвото, туку и верниците кај нас очекуваат добивање на томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија. (Крај)

извор: 360 Степени фото/видео: 360 Степени

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука