ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ДИК потврди поголем дел од листите за пратеници, во охридската Петта изборна единица секогаш неизвесно

Скопје/Охрид, 12. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) вчера попладне целосно ги потврди листите за пратеници во Собранието на Република Македонија на 10 партии и коалиции со кои тие ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори, закажани за 8-ми мај.

На други четири партии им се потврдени листите во дел од изборните единици, додека за преостанатите изборни единици во кои сакаат да се тркаат за идниот состав на Собранието, рокот им е до денеска за поднесување на дополнување и корекции.

Листите во сите шест изборни единици потврдени се на Kоалиција за европска иднина предводена од СДСМ, на Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за европски фронт предводена од ДУИ, коалицијата Вреди, на партиите ЗНАМ, ГРОМ, Левица и Единствена Македонија. Целосно се потврдени листите на Твоја партија и Аваја кои се кандидираа во четири изборни единици.

На Парламентарните избори учествуваат 16 партии и 1 листа од група избирачи од кои 13 имаа листи во сите шест изборни единици.

Охрид е во Петтата изборна единица, каде изборните соочувања се секогаш неизвесни. Паралелно со промотивните активности за претседателските избори, голем дел од кандидатите за пратеници се веќе на терен и неофицијално се „турка“ и кампањата за парламентарните избори. Се делат пакетчиња, се користат медиумите за испраќање пораки, кои најчесто се испорачуваат до избирачите преку социјалните мрежи и личните профили на кандидатите.  (Крај)

извор: Тв Телма фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука