Забава Избор

Дарко Андонов ДААН ја издаде новата песна „Кога знам“ со Тијана Периќ

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дарко Андонов или познат како ДААН ја промовира својата нова песна „Кога знам“, во дует со Тијана Периќ.

Станува збор за новото дело на младиот текстописец, аранжер и продуцент кој е зад микрофонот повеќе од 20 години со повеќе песни кои се изведувани на фестивали, настани или преку ТВ и радио станиците.

Тој е комплетен автор на новата песна во соработка со Кире Јакимов, кој помогна за мастерингот на песната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука