Забава Избор

Mузичкиот фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ со повик до македонските автори да учествуваат на конкурсот за годинешното издание

Охрид, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ со јавен повик до македонските автори да учествуваат на конкурсот за најдобра композиција во категоријата поп, забавна и медитеранска музика на годинешното издание на манифестацијата.

– Композициите испратени на конкурсот не смеат да се претходно изведени или објавени. Краен рок за пријавување на композициите е 5-ти мај 2024 година. Изборната комисија на фестивалот, сите апликанти ќе ги извести дали нивната композиција е прифатена најдоцна до 15-ти мај 2024 година. Апликантите се должни да ги испратат готовите композиции до организаторот до 01.06.2024 година. Пост продукција на сите пристигнати композиции (снимање на изведби и подготовка на материјал за последователни емитувања или користење за какви било договорени цели) го реализира организаторот на фестивалот кој на апликантите на избраните композиции им гарантира учество на вечерта на фестивалот, со директен ТВ пренос и презентација на прес-конференцијата на фестивалот. Со испраќање композиции на конкурсот, авторите и изведувачите до организаторите на фестивалот „Бисер Јадрана 2024“, го пренесуваат правото за доделување на своите композиции на трети лица на користење без дополнителна согласност, на печатење на носачи на звук и слика, или за кој било вид на понатамошна дистрибуција, информираат организаторите.

Додаваат дека за најдобрите композиции се обезбедени вредни награди и фестивалски признанија, од вкупен износ од 10.000 евра.

– Право на учество на конкурсот имаат апликантите од Црна Гора и земјите од регионот. Композициите испраќајте ги на оваа e-mail адреса: biserjadranakonkurs@gmail.com во mp3 формат, во демо верзија. Со композицијата потребно е да се прикачат биографија и две фотографии од изведувачот, името на авторот на композицијата и телефонските броеви за контакт, додаваат од организацијата.

Фестивалот ќе се одржи на 29-ти јуни 2024 година во Тиват, градскиот брег Пине. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука