Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Кај Подмолје приведен млад охриѓанец, кој претходно не застанал и избегал со возилото од полицијата

Охрид, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2024 година, во 18:30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија при СВР Охрид, лишија од слобода 24-годишно лице од Охрид.

– Тој, управувајќи патничко возило марка „Ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронајдоа и одзедоа ќеси со зелена растителна материја, како и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе би поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука