Забава Избор

Суперхикс во вторник ќе го промовираат новиот албум „Сила и нервоза“

Скопје, 14. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопска Кисела Вода, одличните Суперхикс, во вторник, на 16-ти април 2024 година, со почеток во 12:00 часот ќе го промовираат новиот албум „Сила и нервоза“.

– Ве каниме на слушачка (а и малку свирачка) промоција на новиот албум „Сила и нервоза“. Истиот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“ на продуцентот Мите Димовски (освен „Скарантин“, која е снимена кај Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на CD формат и на сите музички платформи. Наскоро го очекуваме и печатењето на винилот за истиот, порачаа од бендот.

Како најава за албумот беше објавен и видео спотот за песната „Сила и нервоза“, заедно со Фолтин.

Суперхикс оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј и ова е само една од активностите кои се подготвуваат. Секако, централната манифестација ќе се случи на 29-ти мај 2024 година, во паркот кај салата „Расадник“, каде Суперхикс, со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука