Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешен настап за охридските боксери во Скопје, победи за Наум Стојаноски и Димитар Ѓорески

Скопје/Охрид, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наум Стојаноски и Димитар Ѓорески од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид се враќаат со вредни победи во борбите од првото коло на Првата и Младинската бокс лига на Република Македонија кое се одржа денеска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Димитар Ѓорески стигна до победата над боксерот Иле Маневски од Штип во категоријата јуниори до 63 килограми. Во категоријата младинци до 80 килограми, охриѓанецот Наум Стојаноски беше подобар од Христијан Арсовски од клубот „Пелистерски јунак“, а во категоријата до 46 килограми, Христијан Стојаноски од Охрид пријателски и нерешено ја подели победата со Илија Ѓорѓиев од клубот „Пелистерски јунак“. Аврамовски Михаил од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ загуби од Алишан Рустемовски од клубот „Пелистерски јунак“ во категоријата кадети до 40 килограми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука