Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Охридските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на една локација за гасење на пожар

Охрид/Струга, 14. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие охридските пожарникари интервенирале на една локација за гасење на пожар.

– Регионалниот ЦУК Охрид информира за еден пријавен и изгаснат пожар на отворено. Станува збор за пожар на ниска вегетација и стрништа покрај улицата „Радојца Новичиќ“. Во Струга, саниран е пожар на ниска вегетација позади објектот на „Набизи“, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Сите итни случаи се пријавуваат на овој број, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации, а и кога ќе се најдат неексплодирани убојни средства (гранати и слично) од минатите војни. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција и за реагирање при итни случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука