Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 25. степени

Охрид, 14. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– Во следните два дена ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен јужен ветер. Во вторник во ноќните часови, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер. Повремени врнежи ќе има потоа и во следните два дена. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука