Забава Избор

Dubioza Kolektiv и Dino Šaran го објавија спотот за одличната „U3PM“

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Dubioza Kolektiv и Dino Šaran денеска го објавија спотот за песната „U3PM“, за која членовите велат дека е создадена на типичен сараевски дернек (веселба).

– Таа зборува за исконската потреба на човекот да избега од апокалиптичната реалност и да бара спас во раскошна трпеза, но и богата понуда на пијалоци и рекреативни дроги. Песната содржи „непознати“ зборови како stelja – сувомеснат овчи производ и многу други, велат од Dubioza Kolektiv.

Dino Šaran додава дека некои од најдобрите идеи се создаваат токму на забавите.

По претходните соработки на Dubioza Kolektiv и Dino Šaran на песни како „Autopilot“ и „Zemlja gori“, новата и фантастична соработка на „U3PM“ е само уште еден доказ дека повторно погодија во центар со нивните текстови и музиката.

По исклучително успешната  година која е зад нив и турнејата „20 Years High“, со која одбележаа две децении на сцената, Dubioza Kolektiv објавија голема колекција на винил, а имаа и распродадени концерти во Европа и Мексико. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука