Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведени две лица од Охрид на паркинг на булевар „Железничка“, затекнати со бела прашкаста материја

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти мај 2024 година, во 02:30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода две лица од Охрид, на возраст од 33 и 38 години.

– При преглед извршен во патнички автомобил со охридски регистарски ознаки во кој се наоѓале, едно од лицата е затекнато при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај второто лице биле пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука