Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Млад охриѓанец се здоби со тешки телесни повреди по пад од моторцикл на улицата „Марко Нестороски“

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти мај 2024 година, во 18:00 часот било пријавено дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, 21-годишно лице од Охрид, управувајќи моторцикл „Пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука