Забава Избор

SUPER Fresh Music: Alex Gaudino – Body

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпознатите италијански продуценти и диџеи, Alex Gaudino го претставува синглот „Body“ кој дава нова димензија на светски познатата песна на Alexandra Stan наречена „Mr. Saxobeat“.

Песната е глобален хит и носи нов сензуален вокал од уметникот, како и љубовна лирика во препознатливиот стил на големиот радио хит од 2010 година.

На новата верзија на песната, на пејачот и продуцентот им се придружува диџејското дуо Mufasa & Hypeman, кои го потпишаа глобалниот хит „Friday“, кој има повеќе од милијарда слушања на музичките платформи.

Заедно, тимот ја освежи песната со техно звук кој несомнено ќе го врати овој летен класик на врвот на топ листите и ќе блесне за време на фестивалската сезона.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука