Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Крањ/Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години, атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски го подобри резултатот.

На Меѓународен митинг што викендов се одржа во Крањ, Словенија, Стојоски патеката ја истрча за време 52,84.

Претходно, на Меѓународниот митинг што се одржа во Марибор, Словенија, 400 метри со пречкиистрча за време 53.65 и го собори рекордот на Бранко Илиевски (55.11), поставен во далечната 1980 година.

Стојоски е носител на 9 државни рекорди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука