Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 20. степени

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Понестабилно ќе биде утре и во четврток кога наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и ретки грмежи. Најсвежо ќе биде во среда и четврток, а потоа температурата ќе се покачи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука