Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 16. степени

Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со услови за локален дожд. Попладне услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

– До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука