Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Обичаи и значење на Св. Атанасиј Велики, светителот кој го надмудрил ѓаволот

Охрид, 15. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Атанасиј Велики. Кај нас светецот се слави во зима, на 31-ви јануари, но и на 15-ти мај.Прослава црковни собири, литургии

Атанасовден локално познат и како Танасовден претставува празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики. Македонците го празнуват двапати во годината. На 31-ви јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете ереси: аријанството и несторијанството. Празникот народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви. Се празнува и на 15-ти мај, ден на упокојувањето на светителот, празник познат како Атанасовден-летен. Посебен култ кон празнуваењето на Свети Атанасиј во зима е раширен во повеќето села во Скопско (Драчево, Шишево), додека особено раширен култ кон празнувањето на летниот Атанасовден (15-ти мај) има во повеќето села во Радовишко (Ораовица, Сулдурци, Дедино).

Народни верувања и обичаи

Постои легенда за тоа како ѓаволот го искушувал свети Атанасиј со тоа што се преправил во најубавата девојка која го искушувала да се одрече од Бога и да и се придружи во обожавањето на злите сили. Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мал сад. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрлил во морето. Легендата вели дека садот лебдел со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле.

Старите велат дека штом грми, ѓаволот мисли дека е свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во чиниите. Затоа е важно на овој ден сите судови да бидат цврсто затворени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука