Избор Македонија Хроника

Запален автомобил на КПУ „Идризово“ што го користел директорот на затворот

Скопје, 15. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утринава, во скопската населба Кисела Вода, бил запален автомобил сопственост на затворот „Идризово“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) возилото било паркирано од директорот на затворот, Зоран Јовановски.

Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

– На 15.05.2024 околу 03:35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа затвор „Идризово“, кое било паркирано од З.Ј., се вели во соопштението од МВР.

Од пожарот, како што информираат од МВР, бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Во пожарот нема повредени лица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука