Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Св. апостол и евангелист Јован Богослов

Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 8-ми мај, денот кој православните верници го слават во чест на Св. апостол и евангелист Јован.

Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21-ви мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован.

Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман.

Тропар

Апостоле, возљубен од Христа Бога, побрзај да ги избавиш луѓето без одбрана, оти, Оној што ти дозволи да се потслониш на Неговите гради, ќе ти дозволи и да Го помолиш за нас. Него моли Го, Богослове, да го растера и темниот облак на незнабошците, просејќи за нас мир и милост голема.

Кондак

Твоето величие, девственику, кој може да го прикаже, зашто точиш чудеса и излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши, како богослов и Христов пријател. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука