Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Генерацијата 1970/71 наскоро ќе одбележи 35 години од матура: Време е за спомени и незаборавна дружба

Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На незаборавните спомени од некогаш и најубавите кои се пред нив ќе се потсети генерацијата 1970/71, кои во сабота, на 8. јуни 2024 година ќе одбележат полни 35 години од матурата.

– Од 19:15 часот ќе започне уживањето со најдоброто друштво и чаша шампањ на бродот „Армада“, кое ќе трае до 21:00 часот, кога во кафе барот „Кадмо“, во стариот дел на градот ќе се одржи Собир на генерацијата. На менито ќе имаме ладни даски и по два пијалоци, а за забавата ќе се погрижат „Урбан планет“ и „Акустико“, информираат организаторите.

Билетите се продаваат на брод „Армада“ и во кафе барот „Кадмо“ во стариот дел на градот по цена од 1.250 денари. Дополнителни информации на телефонот 078/261-271. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука