Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Малолетници од Скопје физички нападнале млад охриѓанец на улицата „Вангел Николоски“

Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви мај 2024 година, во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид, малолетници од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз еден малолетник од Охрид.

– Со напаѓачите, во присуство на инспектор за малолетници, адвокат за малолетничка деликвенција и претставник на Центарот за социјални работи, извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука