Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за 54-годишен охриѓанец кој со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“

Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лицето „предизвикување општа опасност“.

– Тој се сомничи дека на 4-ти мај 2024 година со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Повредени лица нема, а била предизвикана само материјална штета, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука