Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 22. степени

Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме. Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука