Избор Македонија Празници ТОП ВЕСТИ

На денешен ден е благословено барањето на МПЦ-ОА за автокефалност

Скопје, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 2022 година, Поглаварот на СПЦ, патријархот г.г. Порфириј соопшти дека СПЦ го благословува барањето на МПЦ-ОА за автокефалност.

– Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот го благословува и го одоборува барањето за автокефалност. Во исто време саборот донесе одлука заедно и во соработка со архиепископот Стефан да ги разработиме сите технички детали и тогаш ќе следи свечено предавање на барањето, рече тогаш патријархот Порфирие на заедничката литургија со МПЦ во Скопје.

Верниците и граѓаните присутни на литургија го отпоздравија обзнанувањето за автокефалност со аплауз во црковниот простор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука