Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

76-годишно лице од Охрид загина откако се преврте со трактор на локален пат помеѓу кочанските села Зрновци и Мородвис

Кочани/Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2024 година, во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат помеѓу кочанските села Зрновци и Мородвис, на коловозот се превртел трактор управуван од страна на 76-годишно лице од Охрид, со престој во селото Мородвис.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука