Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Два случаи на физички напади и насилство во семејството

Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти мај 2024 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 51-годишен охриѓанец.

– Тој се сомничи дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, бил агресивен и му се заканувал на 62-годишно лице од Охрид со што, ја загрозил неговата сигурност. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, на 24-ти мај 2024 година, во 01:15 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал друго лице од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23-ти мај 2024 година, околу 03:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец бил агресивен кон неговото семејство по што, оштетил дел од куќниот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука